Македонија

Владата менуваше директори – паднаа разрешувања и именувања пред избори

Во делот за кадровки прашања, Владата одлучи да го разреши Бојан Лазаревски од должноста в.д. директор на Агенцијата за филм и за директор на Агенцијата за филм да го именува, Владимир Ангелов.

Исто така, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор – која носи назив генерален директор, а за член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го избере Идри Истрефи.

На денешната седница разрешен е и Газменд Абдија од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.

На почеток