Владата поништи разрешувања во МВР, оти не се потпишал заменик министерот
Од
Објавено на
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, издал наредба за разрешувања во МВР, но бидејќи заменикот министер не ги потпишал, Владата ги поништи.
„Владата го разледа известувањето од МВР дека еднострано, со потпис само од министерот за внатрешни работи, се донесени три наредби за кадровски поместувања/разрешувања, без рамноправно одобрување и потпишување и од дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, како што предвидуваат правните акти. Согласно тоа, Владата донесе одлуки за поништување на едностраните наредби донесени од министерот за внатрешни работи“, велат од Владата.