Магазин

Хари патувал 9.000 километри за да го види татко му 45 минути: Не ја поминал ноќта каде што сакал, сега се враќа во Америка

Принцот Хари, кој патувал речиси 9.000 километри за да го посети својот татко, кралот Чарлс, кому му бил дијагностициран рак, бил со него само 45 минути. Откако се сретнал со својот татко, отишол во хотелот, бидејќи неговиот брат, принцот Вилијам, не сакал или не можел да дојде да го види.

Наводно, не е договорено Хари и Вилијам да се сретнат додека војводата од Сасекс е во Британија. Британските медиуми шпекулираат дека заедничкиот пријател Марк Даер, кој им бил ментор на принцовите по смртта на принцезата Дијана, би можел да „послужи како тампон зона меѓу браќата“, пишува Телеграф.

Вилијам, чија сопруга Кејт неодамна беше оперирана, се вели дека е фокусиран исклучиво на нејзиното закрепнување, како и на обврските што му се наметнати бидејќи неговиот татко морал да се повлече од јавните настани поради болест.

Дејли мејл пишува дека Хари во понеделникот вечерта го напуштил Лос Анџелес за да го посети својот болен татко. Џипот во кој се вели дека бил Хари, вчера е снимен како влегува во кралскиот имот, а и кралот Чарлс вчера беше виден во јавноста за прв пат откако беше откриено дека боледува од рак.

Хари не преноќил во кралската куќа, туку наводно отишол во еден од луксузните хотели во англиската престолнина.

Се претпоставува дека Хари нема долго да остане во Лондон, туку дека наскоро ќе се врати во Америка, каде што го чекаат неговата сопруга Меган и нивните две деца, принцот Арчи (4) и принцезата Лилибет (2).

Блиските на принцот Хари рекоа дека Хари е подготвен да се сретне со својот брат, но дека неговата главна причина за доаѓањето во Британија е да се сретне со неговиот татко.

„Доколку се укажеше можност да се види и принцот од Велс, војводата со задоволство би ја прифатил“, рекол неименуваниот извор.

На почеток