Пендаровски: Ќе дојде време и за претседател Албанец, ако има поддршка од сите етнички заедници
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/09/pendarovski-1.jpg)
Претседателот Стево Пендаровски во интервју за euronews.albania изјави дека и Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има и поддршката од сите етникуми.
“Избран бев благодарение на гласот на сите гласачи од сите етникуми, вклучително и на Македонците кои го сочинуваат најголемиот број во државата, се разбира. Значи тоа се избори на национално ниво. Зошто да не биде Албанец претседател, но мора да има поддршка од македонскиот и другите неалбански етникуми. Етнички Албанец не може да биде претседател на Република Македонија без гласовите на сите етникуми”, изјавил Пендаровски.
ШПендаровски зборуваше за евро – интегративниот пат на Северна Македонија и Албанија, како и дека напредокот на земјите од Западен Балкан е можен само ако шесте држави работат заедно и ја развиваат регионалната соработка. Претседателот Пендаровски во интервјуто се осврна и на неговата работа во изминатите години, во кои како што рече, бил еднаков кон сите етнички заедници и согласно со неговите уставни и законски надлежности се залагал секој поединец, без разлика на која етничка заедница припаѓа, да го добие своето место во македонското, мултиетничко општество.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)