Здравство одговори: Во инсулинските аптеки има доволно количини „оземпик“ и „рибелсус“ за дијабетичарите
Министерството за здравство реагира на Здрижението на дијабетичари и информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка.
“Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, се вели во соопштението на Министерството за здравство.