Дијабетичарите алармираат: Повторно немаме инсулин
Сојузот на Здруженија на дијабетичари бараат сериозност од Министерството за здравство и алармираат дека повторно има недостаток на инсулин.
,,Од Министерството добивме официјален одговор дека заради ревидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите еднокринолози, дијабетолози и заеднички да направат вистински избор за замена на инсулинска терапија. Ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, побаравме информација од Министерството за здравство, нивниот со одговор, во моментов не мислиме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договорот за набавка и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено терапијата “, велат од Сојузот.
Посочуваат дека сакаат сериозно да го подигнат квалитетот на животот на лицата со дијабет и затоа апелираат на сериозност на Министерството за здравство.
“Почитувани соборци, консултирајте се со специјалистот и со нов извештај направете промена, со Ваш избор од можните замени“, велат од Сојузот.