Коментари

Добро бе говеда, дали имате мозок!? Морам да пијам половична терапија за дијабет, оти некој решил да не се увезува, регира дијабетичар

Пациент со дијабет, Дејан Ристески од Скопје, сведочи како не може да набави терапија, оти некој решил таа да не се увезува. Тој револтирано прашува како да се лекува.

„Како дијабетичар препишани ми се лекови амарил и глукофаж. Е сега морам да пијам половична терапија, само глукофаж бидејќи некој во државава решил да не се увезува амарил. Добро бе говеда, дали имате мозок!? Ама знам дека глупости прашувам, да имаа мозок немаше да бидат криминалци.

Него кажете ми сега, пошто сте “одлична” власт (народот ве гласаше) како да се лекувам јас како дијабетичар!? Ама ве заболе вас за мене или за некој друг дали имало или немало лекарства, нели!? Тие што ве гласаа ако треба и ќе цркнат за вие да може да крадете. Живече овај народ!“

До овој момент, Министерството за здравство, а и Фондот за здравство, немаат излезено со став или информација за овој проблем.

На почеток