Коментари

„Не само што недостигаат лекови; за жал, недостига и човечката емпатија“, „Се најлошо во човекот е испливано на површина“, познатите за ситуацијата со малата Бисера

По објавата на видеото со мајка која ги брка родителите на четиригодишната Бисера додека зборуваат за живот со предизвици и проблеми на деца со дијабетес од под летниковец, затоа што славела роденден на нејзиното дете, на социјалните мрежи се коментира ситуацијата.

„Не знам зошто и е цензурирана олош фацата на онаа гуска без осет што брка тв екипа додека се мести за роденден на детето, додека дете со дијабет седи под сенка заедно со екипата, при тоа колку трае едно интервју и како тоа летниковец е резервиран за роденден. Дај да ја видиме со фаца, да ја напраиме славна сосе детето еднаш годишно што слави роденден, дека иначе децава со дијабет слават 7-8 пати. Клети несреќни г****, ќе се удавите у сопствениот лошотилак. Да ви е живо и здраво детето и имајте пуно среќа, пошо ќе ви треба“, напиша Миа Костова како реакција на ситуацијата.

„Ајде да ја направиме славна госпоѓата која го резервирала летниковецот и буквално ги избрка луѓето сред интервју. Пратете фотка ако некој ја препознае дотичната, не за друго туку да и пратиме поклон за роденденот зошто еднаш во годината се славело роденден“, напиша Панчо од ДНК.

„Оваа Карен од градски парк кај има резервирано летниковец за роденден и зошто и почитуваме анонимност?“, прашува доктор Лазаров.

„Се најлошо во човекот е испливано на површина. Цел лошотилок, цело домашно невоспитување…се нема грам емпатичност, соживот.
Се надевам дека госпоѓата ќе се засрами барем сама пред себе, кога ќе го гледа интервјуто на родителите на девојчето со дијабет…
Ужас !
Како мајка, ми се преврти желудникот!
Како жена, се срамам од неа!
Како уметник сум тажна кому ние тука продаваме култура !
Жално…на сите можни нивоа“, вели актерката Маја Андоновска

„Бисера (4), дете со дијабет, требаше да се тргне од летниковецот и да стои на сонце со татко ѝ, бидејќи некоја „госпоѓетина“ еднаш во годината славела роденден за нејзното дете.
Никаква култура, дерење, Бисера во солзи. Неподнослива, одвратна дрскост.
И сеа, краток приказ на тоа каде живееме и која ни е културата“, нмапиша новинарот Кристијан Ландов.

„Погледнете го прилогот за детето со дијабетес. Не само што недостигаат лекови; за жал, недостига и човечката емпатија“, вели пратеникот Антонио Милошоски.

На почеток