Македонија

Невакцинираните деца нема да се примаат во градинка: Епидемија на магарешка кашлица во Скопје

Комисијата за заразни болести, поради алармантната состојба препорача на територијата на Скопје да се прогласи епидемија на магарешка кашлица, а децата кои не се вакцинирани редовно со дозите на ДиТеПер да не се примаат во градинките.

Оваа мерка не ги опфаќа децата во училиштата.

Во земјава се регистрирани 18 случаи на магарешка кашлица, а од нив 16 во Скопје. Вакцините се примаат на 2, 4, 6 и 18 месеци и на 7 години.

„Се одлучивме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје. Ова звучи малку страшно „епидемија“, но реално треба да ни олесни во справувањето со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица, вели доктор Александар Петличковски.

,,Оваа болест е најтешка за најмалите.Не може да се враќаме во 20 век.Тоа е трагично”, рече Петличковски.

Последниот збор го има Министерството за здравство.Министерот изјави дека тоа е завршена работа.

Болеста трае 100 дена, а заразноста е 5-6 дена. Инкубацискиот период е од 7 до 21 ден. Комисијата препорачува потврдените случаи да останат изолирани 5 дена после започнувањето на лекувањето со антибиотик.

Србија денеска објави дека имаат потврдени 297 случаи, а во Хрватска околу 2.500.

На почеток