Министрите на Таравари паѓаат, математиката покажува дека Села има шест пратеници
Од
Објавено на
Алијансата на Албанците, која го поддржува крилото на Зијадин Села соопшти дека Управниот совет на партијата со 5 од 7 гласа одлучил за министер за здравство да го предложи Илир Демири, актуелен директор на Клиничката болница во Тетово, а за министер за информатичко општество, Наим Бајрами, магистер по политички науки.
Според информациите на “Скопје 1”, од осумте пратеници на Алијансата, шест го поддржуваат Села.
Според овие математики владиното мнозинство не е доведено во прашање и дека двајцата министри на Таравари, Меџити и Алиу, најверојатно ќе паднат.