Скопје

Несреќа на Партизанска, се судрија автомобил и автобус во Карпош 4

Сообраќајна несреќа се случи во Карпош 4, во близина на мостот „Обединети нации“ и ТЦ „Антико“. Се судрија автомобил и автобус.

Според првичните информации, нема повредени лица. Неофицијално, станува збор за полесна несреќа, кога автомобилот се приклучувал на булеварот „Партизански одреди“ и бочно удрил во автобусот.

Видливо е дека има материјална штета кај двете возила, на булеварот се распрскани делови од автомобилот, заедно со целиот преден браник.

Полицијата прави увид.

На почеток