Македонија

„Оваа работа денеска ќе биде завршена“, таборот на Села решен брзо да ги „шутне“ своите министри

Аднан Незири, координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците, свика прес-конференција и кажа дека денеска ќе бидат двајцата министри кои застанаа на страна на Арбен Таравари, а не на страна на Зијадин Села.

„Однесувањето на двајцата министри спротивно на западните вредности и етичкиот кодекс, одборот на Алијансата на Албанците одлучи тие да бидат разрешени од министерските функции. Врз основа на Статутот на партијата, управниот совет едногласно одлучи, за министер за здравство да биде предложен Илир Демири, а за минситер за информатичко општество го предлагаме Наим Бајрами, магистер по политички науки. Тие чесно ќе ги исполнат своите обврски“, кажа Незири.

Тие имињата ги предложиле до Талат Џафери, за тој да ги предложи до Собранието.

„Имаме мнозинство, оваа работа денеска ќе биде завршена“, додаде Незири.

На почеток