Скопје

Прегазен велосипедист, поради тешки повреди со Брза помош однесен во болница

На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток