Свет

(Видео) Русите го нападнаа Харков, имаше огромен пожар: „Седум мртви, меѓу нив и деца“

Руски беспилотни летала погодија бензинска пумпа во Харков доцна вчера, предизвикувајќи огромен пожар кој зафати приватни куќи, при што загинаа најмалку седум лица, соопштија локалните власти. Официјални лица рекоа дека беспилотните летала погодиле и болница и ресторан во градот Велики Бурлук, источно од Харков.

Во Харков, шефот на локалното обвинителство, Олександр Филчаков, во видео објавено на апликацијата за пораки Телеграм рече дека три дронови удриле во бензинска пумпа во областа Немишлијански непосредно пред 23 часот.

„Имаше многу гориво и затоа ова се страшните последици од пожарот“, изјави Филчаков.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека се уништени 14 приватни куќи, а 50 жители се евакуирани. Видеото објавено од градоначалникот покажува пламен и чад што се издига на широк простор. Киев Индипендент пишува дека најмалку седум лица загинале во пожарот, меѓу кои и три деца.

На почеток