Македонија

Пазарна заплени облека вредна 400 илјадни денари

Поради продажба на текстил без соодветна документација, Пазарната инспекција заплени облека вредна скоро 400 илјади денари. Директорот Горан Трајковски посочува дека постапуваат без селекција.

„Пазарниот инспекторат одзема текстилна стока во вредност од над 390.000 денари, во денешната координирана акција со ОВР Радовиш. Направен е прекршок по Законот за трговија, односно на територија на градот Радовиш, физичко лице е затекнато како продава текстил без соодветна документацијa! Им благодарам на колегите кои професионално си ја завршија својата работа!“, напиа Трајковски.

На почеток