Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали даноците и ќе овозможи младите програмери својата заработка да ја вадат преку ПајПал сервисот во Македонија, најави партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред граѓаните да спроведе и реализира низа на економски мерки и политики кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани и домашни компании“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

„За таа цел, владата на ВМРО-ДПМНЕ преку развојна стратегија ќе овозможи функционирање на ПајПал сервисот тука во Македонија, со што ќе им се овозможи на младите фриленсери и програмери кои работат за странство да ги добиваат своите пари легално тука во Македонија и за нив да платат данок.

Повеќе нема граѓаните да чекаат со недели и месеци за услуги од УЈП, па така владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поедностави постапките со тоа што ќе ги тргне бирократските бариери и ќе спроведе дигитализација на услугите.

— реклама —

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали даноците, односно данок на добивка од 5% за фирмите со добивка од над 50 милиони. Со што преку ова мерка ќе ги стимулира голем број на мултинационални компании од светот своите профитни центри да ги префрлаат овде и тука да го платат својот данок. А од ова бенефит се разбира ќе имаат и домашните компании кои ќе инвестираат во себе и ќе постигнат добивки над 50 милиони евра.

Фирмите со добивка од 20 до 30 милиони данокот ќе биде 8%, а за фирмите со добивка од 30 до 50 милиони истиот ќе биде 6%.

Ќе го поддржиме домашното стопанство, а така ќе се стимулираат компаниите да отвораат нови работни места.

Преку добри економски политики ќе се задржат младите во државата и ќе се стимулираат својата иднина да ја градат овде.

Носечки проект на новата владата на ВМРО-ДПМНЕ е и реалокација на 1 милијарда евра за еден четиригодишен мандат или 250 милиони евра за една година од државниот буџет кон општините за инфраструктурни проекти.

Македонија мора економски да расте и да се развива. Владата на ВМРО-ДПМНЕ знае тоа како да го направи.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде влада за сите граѓани подеднакво.

За ВМРО-ДПМНЕ важно е да се создаде продуктивноста.

За ВМРО-ДПМНЕ важно е платите реално да растат.

За ВМРО-ДПМНЕ важно е да има раст на економијата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања