Македонија

Царина на Богоев спречи шверц на папагали

Царинската управа со која раководи директорот Стефан Богоев се пофали дека спречила трговија со 47 папагали. Тие се запленети, откако Србин сакал да ги внесе во Македонија без дозвола.

„Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава. Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од кадешто се соодветно згрижени“, велат од Царинската управа.

На почеток