Македонија

Среде зима гореа депонии и планини: 34 пожари имало низ Македонија во изминатово деноноќие

Пожарникарите гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население во изминатото деноноќие.

„Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е само уште еден пожар од последното изминато деноноќие, на непристапен терен на Селечка Планина. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилп гаснеле пожар на запалена сува трева меѓу атар на с.Волково и с. Прилепец, Општина Прилеп со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот што започнал во 19.12 часот бил изгаснат во долниот дел на пределот во близина на атарите на селата меѓутоа активен бил во горниот дел на непристапен терен на Селечка Планина“, велат од ЦУК.

Инаку, целосно се изгаснати 33 пожари на отворено.
ТППЕ Битола, во текот на денот ги имала следните интервенции, при што ги изгаснала пожарите:
– Во период од 13:15 до 13:55 часот со 1ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Дихово.
– Во период од 15:50 до 17:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Вешарејца.
– Во период од 17:35 до 19:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Ротино.
– Во петриод од 17:45 до 19:55 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Долно Српце.
ТППЕ Прилеп во текот на денот ги имала следните интервенции:
– Во период од 18:25 до 18:40 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Галичани.Уште една помала интервенција.
-Во период од 18:12 до 21:50 часот со 2ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Дупјачани и с. Небрегово (општина Долнени)
– Во период од 20:40 до 21:40 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај клучката кај с.Лознани,(општина Могила)

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека БППЗ на град Скопје, во текот на изминатото деноноќие, ги имала следните интервенции:
– Во периодот од 08.55 до 09.45 часот, гаселе запалена ниска вегетација кај Стопански Двор на површина од 1.000 м2.Интервенцијата ја извршиле со 1ПП возило и 2 пожарникари (Општина Ѓорче Петров)
– Во периодот од 14.45 до 15.05 часот, гаселе запалено ѓубре на ул.Скупи бб на површина од 1м2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 2 пожарникара. (Општина Ѓорче Петров )
– Во периодот од 15:10 до 17:00 часот, гаселе запалена ниска вегетација и ниска шума во атар на с. Копаница на Жеден на површина од 2.000 м2 . Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и пожарникари. (Општина Сарај)
– Во периодот од 15:25 до 19:30 часот, гаселе запалена депонија во атар на с.Визбегово на површина од 1.000 м2. Интервенцијата ја извршиле со 2 возила и 6 пожарникари (Општина Шуто Оризари )
– Во периодот од 15:25 до 16:15 часот, гаселе запалена ниска вегетација кај Скопско Поле на површина од 300 м2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 4 пожарникари (Општина Гази Баба)
– Во периодот од 18:00 до 19:10 часот, гаселе запалена мешана шума кај с. Долно Количани на неутврдена површина. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари (Општина Студеничани)
– Во периодот од 18:00 до 22:35 часот, гаселе запалена ниска вегетација на автопатот Петровец – Миладиновци на неутврдена површина.Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 4 пожарникари (Општина Петровец)
Инаку, во изминатото деноноќие имале уште два помали интервемнции.

Регионалниот ЦУК Штип известува дека ТППЕ Берово во текот на денот ги имала следните интервенции:
– Во период од од 12:30 до 13:00 часот со 1ПП возило 2 пожарникара и двајца доброволци интервенирале на запалена ниска вегетација на површина 0,2 хектари во атарот на Пехчево на место викано Елата(општина Пехчево)
– Во период од 13:00 до 16:00 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари и двајца доброволци интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 0,2 хектари во месноста „Црнилишка Чекална“ во с.Црнилиште (Општина Пехчево)
– Во период од 20.10 до 21.30 часот гаселе стрниште во село Оризари на површина од 0,2 хектари со 2 возила и 3 пожарникари (Општина Кочани) и
– Во периодот од 22.10 до 23.30 часот со 1 возило и 2 пожарникари гаселе сува трева на површина од 0,3 хектари во село Спанчево (Општина Кочани)
ТППЕ Пробиштип, во период од 16:45 до 18:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација 0,3 хектари во близина на с.Гујновци (Општина Пробиштип).
ТППЕ Виница, во период од 17:30 до 18:30 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од 0,2 хектари во место викано Скараница (Општина Виница).

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека ТППЕ Струмица, од 19:53 до 21:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари и месно население околу 20 луѓе интервенирале на запалена ниска вегетација над црквата св. Ѓорѓи во с. Дукатино. Зафатена површина од околу 5 хектари (Општина Василево).
ТППЕ Радовиш, во период од 21:10 до 22:10 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Јаргулица месност Восанци, каде што била зафатена површина од околу 6 хектари (Општина Радовиш).

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека ТППЕ Охрид во текот на денот ги имала следните интервенции:
– Во период од 18:15 до 23:10 часот со 2ПП 6 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Издеглавје.
– Во период од 18:15 до 23:10 часот со 1ПП возило 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Велмеј.
– Во период од 18:15 до 23:10 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Злести.И уште една помала интервенција.
ТППЕ Кичево, во период од 17:25 до 19:00 часот со 1ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во с. Србјани.
ТППЕ Македонски Брод, во период од 16:20 до 18:45 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари и дополнителна интервенција од М.Шуми со 1 теренско возило и 3 шумари интервенирале на запалена ниска вегетација,ливади во местото викано Ограѓе – с.Грешница

РЦУК – Велес, из

На почеток