Скопје

(Фото) Сообраќајка кај Соборна: три автомобили се судрија, има повредени, распрскани делови по булеварот

Три возила се судрија на раскрсницата кај Соборен храм во центарот на Скопје. Во несреќата има повредени лица, но карактерот на повредите засега не е познат. На терен имало и Брза помош.

Според првичните информации, се судриле три автомобили. Делови од автомобилите се распрскани на булеварот. Едниот од нив е со целосно искршен преден дел, додека на друг е активирано и воздушното перниче поради силината на ударот.

Полицијата е на терен и ќе се прави увид.

Повеќе фотографии:

На почеток