Скопје

(Фото) Детали од полицијата: Осум повредени во несреќата кај Соборен храм

Осум лица се повредени во несреќата која вчера се случи кај Соборниот храм во Скопје, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Сите биле однесени во болница. Меѓу нив, повреди имале и тројцата возачи, на трите автомобили.

„Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.А.(31) од с.Долно Свиларе-скопско, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.И.(35) од с.Долно Количани-скопско и патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(27) од Скопје“, велат од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, тројца сопатници од возилото „шкода“ и по еден сопатник од другите две возила констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе фотографии од несреќата:

На почеток