Скопје

(Фото) И во сообраќајката на раскрсницата кај „Ист гејт“ има повредени

На раскрсницата кај „Ист гејт“, на булеварот „Гоце Делчев“ пред крстосница од ул.„Беласица“ се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(48) од Скопје и патничко моторно возило „дачија сандеро“ со италијански национални ознаки управувано од Е.Л.(39) од Р.Италија.

„Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „дачија сандеро“ П.Д.(66) од Р.Италија констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР за „Скопје1“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходно:

(Фото) Детали од полицијата: Осум повредени во несреќата кај Соборен храм

На почеток