(Фото) Катица Јанева се вработи во адвокатската канцеларија кај син ѝ, дома го прослави и роденденот
Ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, доби дозвола од Управата за извршување санкции, да излегува од затворот „Идризово“ за да работи во фирма. Таа од пред една недела работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, Лазар Јанев. Оваа вест, таа ја објави и на социјалните мрежи.
Пред три дена, Јанева го прослави и нејзиниот роденден во домашна атмосфера. За тоа објави фотографија на социјалните мрежи.
Директорот на Управата за извршување санкции, во изјава за „Скопје1“ кажа дека секој затвореник кој ќе добие „А“ третман и е со казна под три години, би немал пречка да работи и да излегува од затворот „Идризово“. Таа беше осудена во случајот „Рекет“ кој сега е пред судот во Стразбур.