Македонија

(Видео) Хаосот за документи во МТВ не запира – турканици за фотографирање

Хаосот при вадење на лични документи продолжува. Попладнево во МТВ одново големи гужви. Редици се чека за фотографирање, иако граѓаните доаѓаат со закажани термини. Поплаки има за можни фотографирања преку ред.

„Се чека со часови, дојде нашиот термин, ама не влеговме на време. Проблемот е што има многумина што влегуваат пред нас. Дали преку ред или имало доцнење не можеме да тврдиме. Но се сомневаме дека многумина немаат ни термини“, вели граѓанин за „Скопје1“.

Граѓаните со месеци трчаат по нови документи со „северна“. Важноста на старите истекува вечерва. Во последен момент, продолжена е важноста на возачките до крајот на годинава, но, само за во Македонија. Личните карти исто така важат само во Македонија. Без пасош со „северна“ – не може да се напушти државата. Истовремено, фалат обрасци за изработка на пасошите, па по фотографирање, се чека и до два месеци за издавање.

На почеток