Македонија

Возачките важат до крајот на годината

Едногласно пратениците ги изгласаа измените во Законот за безбедност во сообраќајот.
Со измените возачките дозволи ќе важат до 31.12.2024 година.

Според измената во Членот 5 на Законот, „Возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ,,Република Македонија”, издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година“.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека возачките дозволи во кои не е новото уставо име Северна Македонија нема да важат после 12 февруари ни во земјава. Притоа, МВР предупреди дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Ова предизвика лавина реакции и незадоволство, по што пратениците експресно реагираа.

На почеток