Русите ракетирале централата во Днепар: Дел од градот без вода, јато „Шахеда“ полетало кон Украина
Во нападот на руските сили со ракети и дронови во текот на ноќта врз градот Днипро, во централна Украина, оштетена е термоцентралата, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти.
Нападот на градот со нешто помалку од милион жители е извршен со проектил и четири групи беспилотни летала од повеќе правци, се наведува во објавата на Телеграм од Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.
Најголемиот приватен украински енергетски дистрибутер ДТЕК објави дека термоцентралата е значително оштетена, и дека во нападот нема жртви, пренесува Ројтерс. Надлежните изјавија дека „поради прекин на струја“ делумно е прекинато водоснабдувањето.
Градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, изјави дека е зафатена инфраструктурата, но не даде повеќе детали. Украинската армија соопшти дека над регионите Днепропетровск, Запорожје и Керсон се уништени руски беспилотни летала „Шахед-136/131“, од вкупно 23 ударни беспилотни летала со кои руските сили го извршиле ноќниот напад, пренесува Укринформ.