Македонија

Пеливанов и Сарамандова на чекор до Вишо – кои предмети ги водеа, за да сега бидат унапредени

Обвинтиелите Трајче Пеливанов од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Наташа Сарамандова од Основното јавно обвинителство-Скопје на чекор да бидат избрани во Вишото обвинителство-Скопје, неофицијално дознава „Скопје1“ од свои извори. Во Советот на јавни обвинители, седницата за избор ќе се одржи денеска, а се чини дека уште пред да се излезе пред јавноста за дискусија и гласање, сите детали се усогласени.

Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период кога за него беше објавен скандл. „Алфа“ пишуваше дека додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораки го открија пријателството. За него има дисциплинска постапка и пред Советот на јавни обвинители, истото тело кое денеска планира да го избере во Вишото обвинителство-Скопје. Тој е познат и како „наследникот на Русковска“, бидејќи беше в.д. шеф кога Вилма беше супсендирана поради дисциплинската постапка која се водеше против неа. Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатиот април, Пеливанов беше дел до тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Пеливанов, како обвинител од СЈО во група со обвинителката Ленче Ристоска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков.

Сарамандова пак, се обиде да стане обвинтиелка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но неуспешен. Сарамандова е позната по четири предмети, од кои едниот е поврзан со гонењето на Здравко Савески поради фрлањето боја за време на шарената револуција врз државните фасади. Второто обвинение покренато од неа е против поранешниот судија кој сега е во затвор Владимир Панчевски за злоупотреба на АКМИС-системот. Последно во низата е обвинението против Емил Јакимовски за заканите против новинарки и семејно насилство, каде беше досудена дваесетмесечна затворска казна. Последниот е поврзан со гонење на десет лица од кои пет се од МВР, осомнични за шверцување на лускузнзи автомобили.

Седницата во Советот на јавни обвинители ќе се одржи во 10:30 часот.

На почеток