Македонија

Налепници „НМК“ има во сите технички прегледи, а треба да ја имаат и возилата кои досега немаа ниту „МК“ ознака

Налепница со „НМК“ треба да имаат и возилата кои имаат од старите регистарски таблици, на кои нема ниту „МК“ ознака. Ова е ставот на Министерството за внатрешни работи, кој произлегува од потпишаните правилници и закони од минатото раководство.

„Ве информираме дека сите станици за технички преглед имаат налепници со ознака НМК. Ве информираме дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК“, велат од МВР за „Скопје1“.

И денеска во дел од станиците за технички преглед имаше гужви поради големата побарувачка на налепници. Најпотребни им се на граѓаните кои планираат да патуваат надвор од Македнија, а со оглед дека не можат да ја напуштат државата без ваква налепница.

(Видео) Лепенките „НМК“ и денеска прават гужви по техничките прегледи

На почеток