Јавен повик за ангажман на проектен персонал и волонтери за проект „Зајакнување на улогата на младите во општина Охрид“
Од
Објавено на
Со цел имплементација на Проектот „Зајакнување на улогата на младите во општина Охрид“ со бр. на договор 09-131/3 од 24.01.2024 и број на проект 00127307 финансиран во рамки на Програмата на УНДП со главна цел информирање и градење капацитети кај младите за борба против врсничко насилство и промоција на конструктивни наративи меѓу младите, општина Охрид објавува јавен повик за ангажман на проектен персонал и волонтери.