ОО

Ќе се прогласат „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година

Во организација на Општина Охрид, на 07.02.2024 година (среда) ќе се одржи манифестацијата „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година.

Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Манифестацијата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот.

На почеток