Македонија

Минимум две години се потребни за сите да извадат лични документи, смета Мицкоски и го повика Џафери да се продолжи важноста

Повеќе од две години ќе треба за сите граѓани да извадат лични документи, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој посочува дека тие се изработуваат на две машини и во идеални услови, кога ќе има обрасци и нема да има проблеми – пак ќе требаат две години.

„Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој ги доведе граѓаните во подредена положба. Видовте благодарение на времената реакција на министерот Тошковски, пратениците поднесоа измени на Законот за возачки дозволи и беше донесен во експресна процедура. Граѓаните нема да плаќаат казни“, рече Мицкоски.

Мицкоски го повика техничкиот премиер Џафери да се направат измени и да се продолжи важноста на личните документи – пасошите и личните документи.

На почеток