Македонија

И за вонредни конгреси натпревар: Таравари денес, Села во недела

Доцна синоќа, Информативната служба на Алијансата на Албанците, соопшти дека Алијанса на чело со Арбен Таравари денеска во 19 часот во хотелот „Александар палас“, ќе го одржи четвртиот вонреден конгрес на партијата.

Информацијата на Фејсбук ја објави и пратеникот Халил Снопче, кој е од крилото на Таравари.

„Врз основа на член 31, точка 1 од Статутот на Алијансата за Албанците, претседателот на партијата д-р Арбен Таравари повика на вонреден конгрес во петок, 16 февруари 2024. Промената започна!“, напиша Снопче.

Се огласи и министерот за правда, Кренар Лога, од таборот на Зијадин Села, соопштувајќи дека конгресот на Алијанса за Албанците е закажан да се одржи во недела во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје.

Во недела се одржува 4. конгрес на Алијанса за Албанците. Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството“.

На почеток