Скопје

Пијани, со телефон во рака, поминувајќи на црвено светло – како се вози во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

На почеток