Коментари

Откако Бонева докажа дека ѝ подметнале фискални: Ко не ми подметни некој мене 15.000 евра, ќе ми дојдат убо

Ослободителната пресуда за пратеничката Силвана Бонева за која имаше обвинение дека со лажни фискални сметки докажувала дека плаќала патарини и гориво, а со тоа си враќала пари од Собранието – беше дочекана и на „нож“ од страна на јавноста. Бонева рече: „јас докажав дека Oбвинителството како докази против мене имаше подметнато туѓи фискални сметки од други лица, прикажувајќи ги како да се мои“, а ова беше мета на иронични коментари од дел од јавноста.

„Ко не ми подметни некој мене 15.000 евра, ќе ми дојдат убо…“, напиша Божидар Божиновски.

Тој искоментира и: „Ми подметнаа пиво“.

И Иљче Затаракоски со ироничен коментар.

„Пазете по патарини дан ви подметнит некој фискална во колата. Ете Бонева за малку во затвор ќе завршеше ама среќа правдината излезе на виделина“, напиша тој.

Тој се огласи и во друга објава.

„*на патарина. -Здраво дечко. Да платам за мене и пушти ѝ една фискална на девојкава после мене”, пишува Затаракоски.

Коментари имаше и на „Х“.

„Ја ослободиле и Силванева Бонева, значи само поштен не треба да си во Македонија, сѐ друго се простува“, пишуваат таму.

На почеток