Коментари

Зошто здравството нѝ „цвета“: Да провериме да нѐ имаме гинисов рекорд во промена на директори на Токсикологија

За лошата состојба на здравството освен пациентите, зборуваат и докторите. Тие постојано алармираат на недостатоците и бараат нивна санација. Воедно, посочуваат и за лошите услови во кои работат. Единствено што добиваат се ветувања за подобри денови, како пациентите така и докторите. За пет години, сменети се и четири министри.

„Во периодот од 16 февруари 2019 до 16 февруари 2024 година, имав чест да работам со ‘само’ 4 различни министри за здравство од 3,5 партии и ‘само’ 5 различни директори на УК токсикологија од 4,5 партии. Ако не Ви беше јасно зошто јавното здравство нѝ “цвета” можеби сега ќе Ви стане појасно“, напиша доктор Нико Беќаровски.

На ова се надоврза и доктор Пановски.

„Ако продолжи праксава професоре, еден вработен кај вас на клиниката 2019 година, за 40 години работен стаж ќе смени 30 министри и 40 директори. Сега за сега да се провери ова со 5 директори во 5 години дали е Гинисов рекорд, па да се “афирмираме” меѓународно како држава“, коментира доктор Никола Пановски.

To Top