Македонија

Попладне ќе биде облачно, а ќе има и ветер

Во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Времето утре

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

На почеток