Свет

Америка направи потег што ќе го разбесни Путин: Невиден пакет пристигна во Естонија, наскоро во Киев

Соединетите држави и префрлија на Естонија речиси 500.000 долари од запленетите руски средства за да и помогнат на Украина, објави американското Министерство за правда.

„Ова е прв ваков трансфер на средства од Соединетите Американски Држави на странски сојузник со цел директна помош за Украина. Запленетите средства се префрлаат во Естонија бидејќи сегашните околности не дозволуваат директно да се префрлат во Украина“, се вели во соопштението.

Се додава дека Естонија ќе ги искористи овие средства за проект поврзан со поправка на украинските системи за дистрибуција и пренос на електрична енергија кои беа оштетени во нападите на руските сили.

На почеток