Македонец убиен во Германија
Германските медиуми јавуваат дека Македонец е убиен во Есен, Германија. Двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин имале физичка пресметка после која Македонецот подлегнал на повредите.
Кавгата се претворила во тепчака, во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет објавија германската полиција.
Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира Македонецот, кој веќе бил онесвестен. Обидите биле неуспешни.
Според полицијата 32-годишниот Македонец починал во болница како последица на повредите во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени лица. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштен на слобода, а Обвинителството во есен го истражува случајот.
Нема детали што била причината за расправијата која доведе до смрт.
Angriff in Essen: Mann (32) mit Bierflasche getötet | Regional | BILD.de