Трамп во нов проблем
Обвинителката на државата Њујорк Летиша Џејмс објави дека е подготвена да започне процес на заплена на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп доколку тој не може да ги плати 454,8 милиони долари утврдени со пресудата.
На Трамп во петокот му беше наложено да плати 354,8 милиони долари и дополнителни 100 милиони долари камата, откако судијата Артур Енгорон откри дека поранешниот претседател погрешно ја претставил својата нето вредност за да добие подобри услови за заемот.
„Доколку нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на пресудата на суд и ќе побараме судијата да го заплени неговиот имот“, рече Џејмс во интервју за ABC News.
Таа го спомна облакодерот на Трамп на Волстрит и посочи дека финансиските прекршувања не се без последици. Ова е втор граѓански случај што Трамп го загуби, по претходниот што го доби авторот Џин Керол.
Таа го обвини поранешниот претседател за силување, а на Трамп му беше наложено да и плати отштета од 83,3 милиони долари.