Македонија

Таравари ќе ги внесува Бугарите во Уставот, а претседателот да го бираат пратениците а не граѓаните

Лидерот на Алијанса за Албанците денеска обелодени зошто влегува како кандидат на албанската опозиција во претседателската трка.

Тој и неговите партнери имаат двојна цел:за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори и да отворат големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем.

Идното отворање на Уставот ќе вклучи три елементи:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

3. Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори, предлага Таравари.

„Ова е големата вест! На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции.Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура.Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија”, изјави Таравари.

На почеток