Магазин

(Фото) Јанкулоска со Јанакиески по долги години: Најдобри пријатели засекогаш

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави фотографија од средба со Миле Јанакиески, која напиша „најдобри пријатели засекогаш“. Ова доаѓа по долги години поминати низ судски лавиринти, како и одлежани затворски казни. Под фотографијата, коментар остави и пратеникот Јован Јаулески кој ги поздрави, на што Јанкулоска возврати: „Следен пат без тебе не седнуваме“.

Јанкулоска доби слобода откако одлежа долгогодишна затворска казна за набавка на луксузниот „мерцедес“, кој Владата на Зоран Заев рече дека ќе се продава оти е скап за одржавање, а сега во него се возат државници и странски делегации. Јанакиески изминатите осум години ги минуваше на релација куќен притвор-притвор-затвор.

Двајцата има близок однос и додека беа дел од Владата на Груевски.

На почеток