Магазин

Се плашеше да остане сама: Џенифер Лопез ги откри деталите од растењето и нервозата што ја следеше во текот на животот

Популарната Џеј Ло проговори за растењето, љубовта и нејзините длабоки стравови кои ја следеле во текот на животот.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез сподели бројни детали од нејзиниот приватен живот.

Имено, пред да се смири со актерот Бен Афлек, со кого се вери пред 20 години, Џенифер се плашела да не биде сама.

Џеј Ло пораснала во големо семејство кое не било богато, а во куќата секогаш имало некој, па ѝ требало долго време да научи да живее сама и да си биде најдобра пријателка.

„Денес функционирам многу подобро, но ми требаше многу работа за да стигнам до оваа точка. Потребна е многу работа за да промените нешто за себе, вашите навики, а токму тоа е она за што е мојот филм – промена на навиките“, заклучила Лопез во шоу програмата „Шоуто на Кели Кларксон“, пренесува „Индекс.хр“.

Да потсетиме дека Џенифер Лопез и Бен Афлек започнаа врска во 2002 година, а подоцна истата година се верија. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

На почеток