Несовесни граѓани во текот на ноќта запалиле два пластични контејнери во населбата Радишани кои целосно изгореле заедно со одтпадот во нив.
Од град Скопје апелираат до граѓаните да престанат со несовесното однесување и уништување на опремата на ЈП „Комунална хигиена“.
Со овие постапки се нанесува финансиска штета, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.