Таксист вечерва е пронајден мртов под Железничката станица во Скопје. Случајот во полиција во 18.30 часот го пријавил случаен минувач кој го приметил неподвижниот возач на семафорите кај Железничка станица.
По увидот е констатирано дека починатиот немал траги на насилство, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Станува збор за 58-годишно лице.