Свет

Неочекувана реакција на Путин откако Бајден го нарече „луд кучкин син“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска реагираше на изјавата на неговиот американски колега Џозеф Бајден, кој го нарече „луд кучкин син“, велејќи дека тоа е адекватна реакција на шефот на Белата куќа.

„Реков дека ќе соработуваме со кој било претседател, но верувам дека за нас, за Русија, Бајден е попосакуван. И, судејќи според она што го кажа, јас сум целосно во право, бидејќи ова е адекватна реакција на кажаното од моја страна“, изјави Путин на новинарите, пренесува ТАСС.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно денеска го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, наведувајќи дека поради него и другите секогаш мора да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што наведе, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото.

Бајден и порано јавно го користеше навредливиот термин „кучкин син“, па во јануари 2022 година на тој начин повика новинар на Фокс њуз од Белата куќа.

На почеток