Свет

„Тој е луд кучкин син!“ му се нафрли Бајден на Путин: „Поради него секогаш се грижиме за нуклеарен конфликт“

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, наведувајќи дека поради него и другите секогаш мора да се грижат за можен нуклеарен конфликт, иако, како што наведе, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото, пренесе АП.

Обраќајќи им се на донаторите во приватен дом во Сан Франциско во средата, како дел од тридневното собирање средства во Калифорнија за неговата кампања за реизбор во 2024 година, Бајден, исто така, рече дека е вчудовиден што поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп ги спореди неговите правни проблеми во САД со смртта во затворот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Бајден и претходно во јавноста го користеше навредливиот термин „кучкин син“, па во јануари 2022 година на тој начин повика новинар на Фокс њуз од Белата куќа, потсетува „Гардијан“.

Бајден, како што јави АП, рече дека не разбира зошто Трамп се споредува со Навални и зошто вели дека е прогонуван како што беше руската опозиција.

Трамп беше казнет со 350 милиони долари откако судијата во Њујорк утврди дека со години лажел за своето богатство во финансиските извештаи на неговите компании.

Трамп рече дека пресудата е форма на „комунизам или фашизам“.

За време на кампањата за собирање средства во Беверли Хилс во вторникот вечерта, Бајден ги истакна своите напори да и помогне на средната класа и предупреди дека победата на Трамп во ноември може да доведе до забрана на абортусот на национално ниво.

На почеток