Свет

„Политико“ открива кој е фаворит на Бајден за генерален секретар на НАТО

Американскиот претседател Џозеф Бајден го поддржува холандскиот премиер Марк Руте да стане следниот генерален секретар на НАТО, изјави неименуван американски претставник за Политико.

Политико во средата објави дека две третини од земјите на НАТО ја поддржуваат номинацијата на Руте да ја води Алијансата подоцна оваа година. Неименуваниот американски функционер рече дека поддршката на Бајден за Руте веројатно ќе охрабри повеќе членки на НАТО да ја поддржат номинацијата на Руте по неколкумесечна конкуренција меѓу него и неколку други европски лидери за таа функција.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ја извршуваше функцијата од 2014 година, завршува во октомври. Се зголемува притисокот да се одобри кандидатурата на Руте пред самитот на НАТО во јули во Вашингтон, по повод 75-годишнината од формирањето на алијансата.

На почеток