Охрид

Пецаков трета година со поддршка за кампањата „Ги познаваме ретките болести“

„Во рамки на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ денеска остварив средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението „Ретко е да си редок“. Разговаравме за поддршката која Општина Охрид, трета година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти“, вели Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид и додава:

„Искрено се надевам дека секој нареден февруари, преку заедничка соработка ќе може да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест.

Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести “ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести“.

На почеток