Охрид

Пецаков до Левица: Се занимавате со мене, а најмалце Пецак ви е крив шо не можите да соберите 10.000 потписи за вашиот претседателски кандидат

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, возврати на прозивките од генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска. Таа иронично искоментира дека Пецаков го толерира Нефи Усеини и дивоградбата кај Чинарот, а градоначалникот и врати дека треба да се обрати во Државниот градежен инспекторат бидејќи станува збор за старо градско јадро каде тој нема надлежност. Објавата на Мојсоска ја сподели и Димитар Апасиев кој напиша: „Пецак, ај седи си мирно брат“, алудирајќи на тоа да не им го трга штандот од јавна површина.

„Упорно продолжвите да се занимавате со мене, а најмалце Пецак ви е крив шо не можите да соберите 10.000 потписи за вашиот претседателски кандидат веќе 4 ден!
За користење на јавна површина и поставување на штанд е потребна дозвола,то е повеќе од јасно, а за стикери и флаери нит забранил некој нит ќе забранит, посебно разорна политичка акција како вашата е добредојдена во овој предизборен период, кажите и на Јована дека во старо градско јадро надлежна е државата ( министерство за транспорт и врски и државен градежен инспекторат) и НЕКА СЕ ОБРАТИТ таму ќе и кажет то шо ја интересират. ПС. ако мислите дека е до штандот пред општина во Охрид как Пецакот, тогаш не е еден и три поставите.. Ај сега седите си мирни двајцата да го испијам кафето на раат‼️“, пиша Пецаков.

Инаку, Левица собира потписи за Билјана Ванковска да биде претседателски кандидат на нивната партија. До вчеравечер, тие успеаја да соберат нешто повеќе од 4.500 потписи, а потребни се 10.000.

На почеток