Скопје

Крими-Скопје: Дете натепано во Аеродром, две тепачки во Драчево, со пиштол вперен во вработени ограбена обложувалница во Чаир

Дете натепано од три лица кои избегале, обложувалница ограбена во Чаир, тепачки во Драчево, а педагог директорка и вработени во средно училиште во Скопје пријавиле дека родител ги вознемирувал. Ова се само дел од настаните во кои интервенирала полицијата во изминатите 24 часа.

На 23.02.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.З.(38) од с.Долно Лисиче, скопско пријавил дека околу 19.00 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговиот малолетен син физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.02.2024) во 01.56 часот СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево пред спортска обложувалница, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Т.(37) и М.Б.(39), двајцата од Скопје. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.02.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријавила дека на 10.02.2024 околу 14.00 часот во објект на подрачјето на Бит Пазар каде работела, Б.М. ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.02.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје И.Б.Ј.(31) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на автопатот Велес-Скопје, атар на с.Идризово, три лица се однесувале агресивно кон неа, а едно од нив го скршило ретровизорот од нејзиното патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници од с.Горно Количани и с.Долно Количани, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Центар А.Д., педагог во средно училиште од Скопје, пријавила дека таа, директорката и вработени во училиштето биле вознемирувани од М.К., родител на ученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток