Коментари

Апасиев: УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир, па ќе се жалите: “А бе, учките ни ја земаа државата”!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави упатство како граѓаните да се потпишат за Билјана Ванковска да биде кандидат за претседател, во четири чекори. Тој посочува и дека ДУИ, собирале потписи за Бујар Османи да биде кандидат, во штаб во Чаир.

„Денес е недела. Лабав ден. Додека си лежиме по дома, УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир. Оти им се може. И после ќе се жалите: “А бе, учките ни ја земаа државата”! Не. Не ни ја земаа. Ние им ја дадовме. Со нашата некативност. Затоа, уште пред ручек, личната карта у џеб и правец канцеларија на ДИК во вашата општина. Потпиши се за професорката ВАНКОВСКА! Да. Работат и во недела, до осум вечер. p.s. Поручек, пак ќе ве потсетам“, напиша Апасиев.

Тој сподели и фотографија.

На почеток